Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир (ИЦБОМ) е невладина организација формирана во 2013 година од група на студенти од Факултетот за безбедност - Скопје. Главна цел на организацијата е подигање на свеста кај помладата популација за безбедноста, одбраната, мирот, заштитата на основните права и слободи. Во ИЦБОМ членуваат истакнати професори, експерти од областа на безбедноста и одбраната, студенти од државните и приватните факултети кои се занимаваат со изучување на безбедносните појави, одбраната, мирот.
Здружението со своето дејствување пред себе ги има поставено следниве цели и задачи: -подигање на свеста кај младите за безбедностa, одбраната и мирот преку обуки, семинари, форуми, конференции и сл.; -поттикнување и стимулација за работа во областа на безбедноста, одбраната и мирот; -развој на невладиниот сектор и зближување на невладини организации; -организирање на културни настани и проекти; -разгледување, оценување и завземање одредени ставови во однос на актуелни безбедносни прашања; -организација и координација на научно - истражувачки активности; -организирање на стручни и научни размени, како и сите други форми на соработка со различни колеџи и универзитети; -организирање на хуманитарни и образовни проекти; |
|