International Conference for Defense and Security - Belgrade
![]() Во периодот од 27.03.2014 – 30.03.2014 година во Белград се одржа Меѓународна конференција за одбрана и безбедност, во организација на Истражувачки центар за одбрана и безбедност – Белград. Во делегацијата од Република Македонија учество зедоа претставници од Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир - Скопје, Васе Русуманов- студент на 2 циклус на ФБ, Елена Димовска- студент на 2 циклус на ФБ, Мартина Неделковска, Александар Ѓурчески и Андреј Спасовски- сите дипломирани студенти на ФБ, и проф. д-р Злате Димовски.
Професорот Димовски имаше свое излагање и презентација на трудот на тема “Elements of the terrorism reviewed through instrumentum operandi, organizational setup and phases of realization of the terrorist act”. Во излагањето на својот труд професорот Димовски се задржа на средствата за извршување на терористички акт, организациската поставеност, фазите на реализација на терористички акт и загрозеноста на Република Македонија и Балканот од тероризам, при што побуди голема заинтересираност кај студентите,професорите и експертите од другите држави, кои активно се вклучија во долгата дискусија која следеше по неговото излагање. Конференцијата ја отворија проректорот на Универзитетот во Белград г-ѓа Нада Ковачевиќ, шефот на кабинетот на државниот секретар при Министерството за внатрешни работи г-дин Жељко Бркиќ, проф. д-р Алисија Брава од Институтот за меѓународна безбедност во Женева, Деканот на Факултетот за безбедност – проф. д-р Радомир Милашиновиќ и проф. д-р Дарко Трифуновиќ – Универзитет во Фудан – Кина. На конференцијата активно учество зедоа и претставници од Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – Скопје кои дадоа особен придонес во работилниците и другите организирани активности. Главниот акцент на конференцијата беше ставен на тероризмот и енергетската безбедност како современи безбедносни закани. По завршувањето на Меѓународната конференција трудовите од оваа Меѓународна конференција ќе бидат објавени во Меѓународен зборник за одбрана и безбедност. |
Read more: |
Обука: "Заштита од злоупотреба на социјалните мрежи"
NATO PARTNERSHIP POLICY
Препознавање на говор на омраза на интернет
International Model of United Nations in Macedonia - MACMUN
Workshop "PREVENTING AND RESPONDING TO GENOCIDE AND MASS ATROCITIES"
![]() Representatives from the Research Center for Security, Defense and Peace attended on workshop entitled "PREVENTING AND RESPONDING TO GENOCIDE AND MASS ATROCITIES", organized by The Post - Conflict Research Center - Sarajevo
|
http://www.pogled.ba/clanak/pcrc-prevencija-i-odgovaranje-na-genocid-i-masovne-zlocine/42927 |
Семинар за социјална правда

Претставници од Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир учествуваа на Семинар за социјална правда кој се одржа во Маврово во периодот 08 -11.11.2013.
Летна школа за зависности од дроги
![]() Претставници од Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир учествуваа на "Летна школа за зависности од дроги", која беше организирана од ХОПС. Летната школа се одржа во Охрид, во периодот од 25.06.2013 до 02.07.2013, и на неа посебно акцент се стави на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги.
http://dnevnik.mk/?ItemID=55783744985D524DA046AB7498A193BB |
|
International Scientific Conference
![]() Members of the Research Center for Security, Defense and Peace participated on the International Scientific Conference: The Balkans between Past and Future: Security, Conflict Resolution and Euro-Atlantic Integration. The event was organized by Faculty of Security – Skopje, from 05.06.2013 - 08.06.2013 in Ohrid.
|
Topics on the Conference: |
Проект "Злоупотреба на Facebook"
![]() Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Сектор за внатрешни работи – Струмица, Оддел за превенција, на ден 29.04.2013 година успешно го спроведе проектот “Злоупотреба на Facebook”. На предавањето кое го водеше Претседателот на Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир – Васе Русуманов, присуствуваа голем број на средношколци, студенти, претставници од Министерството за внатрешни работи, просветни работници, заинтересирани граѓани за таа тема, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на медиумите. Тој во своето излагање се задржа на настанокот на Интернетот, неговите добри и лоши страни, опасностите кои демнат на Интернет, карактеристиките и формите на сајбернасилството и самиот профил на сајбернасилниците. Исто така, посебен акцент во неговото излагање беше ставен на тоа како да се заштитиме на Facebook, начинот на работа на тимовите за безбедност на Facebook и како преку практични примери да се пријави определен настан, фотографија, лажен профил, видео. Свое обраќање имаа и претставници од Одделот за превенција при СВР Струмица, како и началникот на СВР – Струмица, г-дин Марјан Наковски, кој ја потенцираше важноста и актуелноста на овој проблем и притоа својот став го поткрепи со статистички податоци колку Република Македонија е подложна на овој вид на загрозувања и кои се мерките кои ги преземаат органите за справување со овој проблем.
|
-Имаме такви случаи во Македонија кои што понатаму имплицираат определени несакани последици, нарушување на јавен ред и мир, меѓуетничка нетрпеливост, мислам дека тоа во наредниот период ќе биде многу актуелно, вели Васе Русуманов Претседател на Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир |
Улогата на хеликоптерската единица за полициски намени во безбедносниот систем на Република Македонија
![]() Со оглед на големото значење што го има Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи при креирањето на безбедносната политика и зачувувањето на стабилна безбедносна состојба во Република Македонија, Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир, во соработка со Одделот за воздухопловни единици, Хеликоптерската единица за полициски намени “Јастреби”, на ден 25.04.2013 година со почеток во 12:00 часот организираше предавање на тема “Улогата на Хеликоптерската единица за полициски намени во безбедносниот систем на Република Македонија”, кое се одржи во Центарот за обука - Идризово.
http://atamacedonia.org.mk/mk/media-centar/vesti/337-ulogata-na-helokopterskata-edinica-za-policiski-nameni |
Теми: |
"International conference for defense and security"
![]() "International Conference for Defense and Security", held in Belgrade from 21.02.3013 - 24.02.2013
|
Topics on the Conference: |
"Terrorism in the Balkans" & Project "TOC"
![]() “Истраживачки центар за одбрану и безбедност” од Белград, Република Србија, организираше работилница за студенти од странство во Универзитетот во Белград. На таа работилница учествуваа и претставници од “Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир” од Република Македонија. Работилницата беше на следниве теми: “Тероризмот на Балканот” и “Проект: TOC(Terrorist and Organized Criminal Search Data Base)”. Учесниците исто така потпишаа и иницијатива за формирање на нова меѓународна организација со учество на професори и претставници на други невладини организации.
|
|
Безбедносни предизвици на РМ во 2013
![]() Факултетот за безбедност - Скопје, во коорганизација со Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир, организираше тркалезна маса на тема "Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година". Официјално оваа активност ја отвори Проф. д-р Борис Мургоски, ВД Декан на Факултетот за безбедност - Скопје, а како воведничари беа Проф. д-р Димитар Мирчев од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Проф. д-р Мерсал Биљали од ФОН и Проф. д-р Стево Пендаровски од Американ Колеџ и поранешен советник за национална безбедност во Кабинетот на Република Македонија. Модератор на оваа активност беше проф. д-р Томе Батковски од Факултетот за безбедност - Скопје. Свое излагање имаше и Министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Талат Џафери. На оваа Тркалезна маса учествуваа и многу други професори од различни институции, стручни работници, претставници на невладиниот сектор.
|
Безбедносните предизвици, закани и ризици со кои се соочува Република Македонија на подолг рок, предизвиците поврзани со безбедноста на Регионот и Евроатланската област, предизвикот на нашиот пат кон полноправната интеграција во НАТО и во ЕУ, и како Република Македонија придонесува кон справувањето со актуелните безбедносни предизвици во евроатлантската област беа темите на кои се фокусираа учесниците на тркалезната маса на тема „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година“ одржана на Факултетот за безбедност. |